Friday, Apr 19, 2024
HomeСТУДЕНТУМПознати датумите за полагање испити од државна матура

Познати датумите за полагање испити од државна матура

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар денеска ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок.

Македонски јазик и литература: 4 јуни
Mатематика: 9 јуни
Странски јазик:13 јуни
Физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика:15 јуни

Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.