Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕвакуацијата на бегалците го затвори автопатот Евзони-Атина

Евакуацијата на бегалците го затвори автопатот Евзони-Атина

Грчките власти започнаа со евакуација на уште два импровизирани бегалски кампови во реонот на Идомени до хотелот кој се наоѓа во близина на граничниот премин Евзони и до бензинската станица на неколку километри од границата со Македонија и додека се одвива операцијата ќе биде затворен автопатот Евзони-Атина. Ова е важно за тие кои ќе патуваат во Грција со цел да ги избегнат блокадите и да најдат алтернативна рута доколку е возможно.