Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕУ го повиши тонот кон албанските политичари кои не престанаа со провокации

ЕУ го повиши тонот кон албанските политичари кои не престанаа со провокации

„Изјавите кои можат да се толкуваат како политичко мешање во внатрешните работи на соседна држава, не помагаат во градењето на добрососедски односи во Западен Балкан“, изјави за „Танјуг“ портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчиќ. Од неа било побарано да ги коментира зборовите на албански лидери за можно обединување на Албанија и Косово.

Коцијанчиќ истакна дека наместо да се даваат опасни изјави во регионот, лидерите треба да се фокусираат на реформите и соработката. Таа исто така изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поддржуваат ова мислење.

Портпаролката на ЕК вели дека ЕУ се придржува кон принципите на помирување и регионална соработка во Западен Балкан.

Албанскиот премиер Еди Рама истакна во интервјуто од вторникот дека ако европската перспектива на земјите од Западен Балкан продолжи да се намалува, не е исклучена можноста за обединување на Косово и Албанија. Косовскиот претседател Хашим Тачи ден потоа рече дека ако ЕУ ја затвори вратата за Косово, сите Албанци во регионот „ќе живеат во една заедничка држава“.