Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган прогласи тримесечна вонредна состојба

Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба

Реџеп Таип Ердоган вчера воведе вонредна состојба која ќе трае три месеци. Ова се случува откако минатиот петок дојде до обид за воен удар во оваа држава.

“Советот на министрите одлучи да се воведе вонредна состојба во наредните три месеци”, најави шефот на државата на прес конференција. Според него, тоа е неопходно за да можат “брзо да се исчистат сите елементи на терористичката организација вовлечена во обидот за воен удар”.

Според Ердоган и други земји се можеби вовлечени во овој обид. Но тој не именуваше ниту една земја. Воениот удар можеби не е завршен, предупреди Ердоган пет дена по овој обид. Можеби, рече тој, има и други планови. Но и за ова тврдење тој не даде детали. Конечно, турскиот претседател вети дека “никаков компромис нема да биде направен” кога се работи за демократијата и покрај прогласувањето на вонредна состојба.

“Ние никогаш не сме правеле компромиси со демократијата и тоа никогаш нема да го направиме”, изјави Ердоган и додаде дека вонредната состојба не е против демократијата, законите и слободите. Според него, напротив, оваа вонредна состојба ги зајакнува овие вредности.

Шефот на турската држава побара од шефот на француската дипломатија, Жан-Марк Ејро да “си ја гледа својата работа”. Оваа забелешка дојде откако Французот ги критикуваше чистките во Турција во кои се уапсени отпуштени илјадници судии, новинари и професори.

“Тој треба да си ја гледа својата работа. Каков авторитет има тој за да дава изјави за мене. Не, тој нема таков авторитет. Ако сака лекција по демократија, ние можеме лесно да му ја оддржиме”, рече Ердоган во интервју на Ал Џазира.