Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкслузивно интервју во Сашо Мержаноски: „Ред, дисциплина, правда“ се клучните столбови за функционална држава

Екслузивно интервју во Сашо Мержаноски: „Ред, дисциплина, правда“ се клучните столбови за функционална држава

Сашо Мержаноски е роден 1987 година во Скопје. Магистер е по правни науки, правосудна насока ( со положен правосуден испит). Со него разговаравме околу составот на идната влада, кои се клучните реформи на кои треба да се сосредоточи, и кои кадровски решенија се клучни во овој владин состав.

Разговараше: Благојче Атанасоски

 

Позитив.мк: Кои се најбитните точки на кои треба да се сосредоточи идната владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, за да ја оправда довербата од граѓаните?

 

Мержаноски: Имајќи ја предвид изборната програма на Коалицијата МОЖЕМЕ, каде главен акцент е ставен на економијата и функционирањето на правната држава и правдата, сметам дека токму тука треба да биде концентриран капацитетот на носителите на државните функции, почнувајќи од Премиерот, Претседателот на државата преку неговата непречена соработка со извршната власт и Парламентот како носител на законодавната власт во државата. Исто така, еден од главните слогани на владеачката СДСМ беше “Ред, дисциплина правда”, и сметам дека овие три начела се клучни за функционирањето на целиот систем, во смисла на редот како основа за фунционирањето на државата преку спровдувањето и почитувањето на законите, дисциплината како дополнување на истото, преку зголемување на свеста на граѓаните за својата држава, град и населба и екстензивното толкување на правдата како состојба и вредносно начело на едно општество каде ќе постои рамнотежа на интересите и праведно распоредување на добрата и услугите во целина, а секако и правда и правичност во судскиот систем и постапките пред судовите и праведно судење.

 

Позитив.мк: Во ДУИ, особено во скопските ограноци има незадоволство од кадрите кои ги пополнија министерските функции. Поточно пратениците Изет Меџити и Арбен Зибери се незадоволни од номинацијата на Артан Груби и Бујар Османи за нови министри. Може ли да се доведе под знак прашање изгласувањето на Владата?

 

Мержаноски: Сметам дека незадоволството и меѓусебните несогласувања помеѓу функционерите на ДУИ нема да го доведе изборот под знак прашалник на новата Влада, и мислам дека тоа ќе се реши многу брзо. Секако, тоа е нивно внатрепартиско прашање, таму има луѓе кои долги години се дел од законодавната , извршната и локалната влааст па со оглед на нивното политичко искуство, сметам дека ќе надвладеат интересите на државата во насока на продолжување на практицирањето на власта и ќе се посветат на владината програма за работа, наместо на теснопартиските интереси и несогласувања.

 

Позитив.мк: Мандатарот Заев предложи стари кадри за нови министри, но и неколку нови. Од кои министри очекувате најголем резултат во новиот владин состав?

 

Мержаноски: Да, точно дека и во новиот владин состав ќе има познати имиња кои и досега беа дел од Владата, како и нови министри кои ќе покажат дека знаат да раководат со нивните ресори, и тоа не е нешто невообичаено. Позитивно сум изненаден од воведувањето на функцијата Потпретседател на Владата за борба против криминалот и корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси која ќе ја извршува Љупчо Николовски и сметам дека ваква функција и досега беше потребна, имајќи ги предвид долгогодишните заложби за борба против корупцијата како општествено зло. Се работи за млад и докажан функционер на СДСМ и Владата и не гледам причина да не продолжи да работи со истиот интензитет како кога беше Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исто така, очекувам резултати и во ресорот правда кој во овој период на почеток на преговори со ЕУ ќе има клучна задача истите да ги води и реализира, а исто така позитивен потег е и предложувањето на Никола Димитров за Потпретедател на Владата за европски политики и на Мила Царовска за министер за образование. Правилен потег е и повторното предложување за Министер за внатрешни работи на Оливер Спасовски, кој сметам дека покажа дека МВР може и поинаку и подобро да функционира. Во целина сите ресори се меѓусебно поврзани, ова е нова Влада, сите министри имаат свои обврски, задоженија и политики кои треба да ги реализираат без разлика за кој ресор се работи, се во насока на подобрување на економијата, правдата, внатрешните работи, образованието, здравството, културата, земјоделството и останатите сегменти од секојдневното живеење.

Позитив.мк:Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не признава пораз, односно со одлука на ИК и ЦК, тиее се смеетаат за победници. Реалноста за нив е друга, влада формира нивниот конкурент СДСМ. Какви разврски очекувате во најголемата опозициска партија оваа есен?

 

Мержаноски: Долги години ВМРО-ДПМНЕ функционира во матрицата на минатото не гледајќи ја во целост сегашноста и иднината, и тоа секако не е добро за една партија која во своето име го содржи зборот “демократска”. Промените се нормална и здрава работа, ако се сака да се продолжи со функционирање и креирање напредни политики. Реториката во изминатите години на таа партија е еден вид на романтизам. Ако забележите, постојано се повикуваат на чувства кон татковината, борба, непокор, итн, што е во ред доколку живееме во 18 или 19 век. Партијата треба дефинитивно да се реорганизира, да го смени начинот на размислување како на нејзините функционери, така и на членството, кое треба да се ослободи од хипнозата од минатото.