Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице загина, едно тешко повредено на патот Куманово – Пчиња

Едно лице загина, едно тешко повредено на патот Куманово – Пчиња

Едно лице загина, а едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска пред 15 часот на регионалниот пат Куманово – Пчиња. Полицијата изврши увид на местото на несреќата која се случи во близина на каменоломот Краста.

Возилото џип „хјунадаи“ во кое се превезувале починатиот и неговиот сопатник кој е тешко повреден се наоѓа во нивите покрај патот. Од Одделението за хирургија при Општата болница во Куманово потврдуваат дека кај нив е донесено лице со тешки повреди кое по укажаната помош е префрлено на Скопските хируршки клиники.