Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕди Рама: Немаме никаква врска со платформата на Албанците во Македонија

Еди Рама: Немаме никаква врска со платформата на Албанците во Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека т.н тиранска платформа не постои туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана немала никаква поврзаност.

– Нема никаква платформа од Тирана, туку платформа на албанските партии на кои ние им помогнавме. Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија, рече Рама во интервју за една албанска телевизија.

Според него, вистината е сосема поинаква од она што го тврдат претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партија за време на изборната кампања.

– Оваа влада е влада која кога спроведе административни реформи, оставивме една општина за малцинството (мисли на Македонците и општина Пустец) и оставивме да стават име кое го сакаа, онака како што се чувствуваат во нивните домови. Тоа е се, нема никакво чудо, тоа е напор на Албанците во Македонија за да ја направат Македонија посилна и тоа се прави како што сакаат Албанците, изјави Рама.

Тој е дециден дека Албанците во Македонија „не се бегалци, туку интегрален дел на една држава со два ентитета“.