Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДваесетина деца затруени со храна во детско одморалиште во Дојран

Дваесетина деца затруени со храна во детско одморалиште во Дојран

Во детско одморалиште во Дојран со симптоми на труење, повраќање и дијареа хоспитализирани се дваесетина деца на возраст од 7 до 14 год, соопшти Aгенцијата за храна и ветеринарство.

-„Веднаш е направен инспекциски увид од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во конкретното одморалиште. Кујната на летувалиштето е затворена и забранета за користење. Константирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа, наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење“, се наведува во соопштението на АХВ.