Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДудуш ги осуди насилството во изборната кампања

Дудуш ги осуди насилството во изборната кампања

Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво, вели кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, за физичката пресметка во која повреден беше актуелниот градоначалник на општината, Елвис Бајрам.

– Јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, недозволувајќи настанот кој се случи да поттикне понатамошни тензии и инциденти. Бидејќи не бев присутен на настанот, не сум во можност да дадам објективна слика и детали за настанот, но верувам во работата на институциите и во интерес на истрагата, нема да откривам детали што ги имам слушнато од сведоци. Да оставиме институциите да си ја завршат професионално работата и за крајниот исход по завршување на истрагата ќе биде известена и целата јавност – вели Дудуш.

Во понеделникот Елвис Бајрам и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, биле физички нападнати во населбата Шуто Оризари. Според нивните изјави, четири непознати лица физички го нападнале прво Мемет, а потоа и Бајрам. Насилниците побегнале, а екипа на брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам, кој беше хоспитализиран во скопската градска болница „8 Септември“.

Пратеникот Амди Бајрам тврди дека напаѓачите што го истепале син му Елвис се поврзани со кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.