Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевет лица повикани на разговор во полиција за нападот на Елвис Бајрам

Девет лица повикани на разговор во полиција за нападот на Елвис Бајрам

Досега се идентификувани и повикани на разговор девет лица кои учествувале во тепачката вчеравечер во населбата Шуто Оризари, во која тешки телесни повреди доби Елвис Бајрам, досегашен градоначалник на општина Шуто Оризари и кандидат за таа функција на локалните избори на 15 октомври, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој рече дека откако полицијата добила пријава за нарушување на јавниот ред и мир, веднаш се преземени мерки за расчистување на случајот. Ангеловски порача дека МВР ги осудува сите облици на насилство и нема да има толеранција за никого.

– Нагласуваме дека ниту еден инцидент нема да се толерира. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран – рече Ангеловски.