Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДСКС истражува дали Нина парите ги извадила во „пет до дванаесет“ или во „единаесет и пет“

ДСКС истражува дали Нина парите ги извадила во „пет до дванаесет“ или во „единаесет и пет“

Бурните реакции на јавноста, ја предизвикаа Државната комисија за спречување на корупцијата (ДСКС), да отвори предмет за случајот „ парите на министерката за финансии Нина Ангеловска во Еуростандард банка“. По пропаѓањето на банката на Трифун Костовски, јавноста дозна дека министерката  Ангеловска, пред да и се одземе дозволата за работа на оваа банка од НБРМ, извадила свои 200.000 евра од банката во „ пет до дванаесет“. Токму, отворањето на предметот од   ДСКС треба да утврди дали  министерката парите ги извадила во „пет до дванаесет“, или пак во „ единаесет и пет“, како што тврди таа. Имено, Ангеловска вели, дека парите ги извадила многу порано, пред  да стане јасно дека банката ќе оди во пропаст, и дека истите и се заработка од претходно, односно пред да стапи на функцијата министер за финансии.

 Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, во свои изјави до јавноста, вели дека кај министерката треба да има „ морална и етичка одговорност“, а некои имплицираат и кривична. Зошто? Гошев, истакнува дека како министер на оваа функција, таа имала сознанија многу претходно што ќе се случи со банката, и дека навреме реагирала да ги заштити своите депозити, за разлика од многу физички и правни лица кои се најдоа затечени со последните случувања околу банката. Понатаму, министерката можела, тие свои сознанија да ги искористи и за доставање на информации до свои блиски лица, кои имале депозити во оваа банка, истите да го сторат тоа, т.е навреме да ги повлечат своите пари. Официјалните лица, сепак ја смируваат разбрануваната јавност дека повеќе од  96%  од депозитите на физичките лица, ќе бидат обештетени од Фондот за осигурување на депозити, сите оние кои имале внес на пари до 30.000 евра. 

За останатите, правни лица, и за физичките лица со над 30.000 денари ќе следува стејачна постапка, па раздолжување кон нив. Примерите од минатото кај нас, ни говорат дека стечајните постапки се многу спори, тромави и неефикасни, односно после години и децении, доверителите ги наплаќаат своите долгови кон клиентите, но праксата покажува дека многу малку, односно 20-30% од парите кои треба да ги добијат оштетените странки, ги добиваат преку стечајна постапка. Позитивна вест во целиот овој несреќен случај за граѓаните кои имаат „заробено“ пари во Еуростандард банка е што објектот на оваа банка се наоѓа во строгиот центар на Скопје, и е во сопственост на банката, па така при евентуална негова продажба низ стечајната постапка, ќе се создаде можност 100% сите доверители да бидат раздолжени.