Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДржавата ќе финансира џамија во центарот на Атина

Државата ќе финансира џамија во центарот на Атина

Грчкиот Парламент денеска го одбри предлогот за изградба на џамија речиси во центарот на Атина, финансирана од државата, по повеќе неуспешни обиди поради несогласување на дел од јавноста и Грчката православна црква. Владејачката партија Сириза го поддржа проектот за изградба на џамијата во вредност од 750.000 евра, додека со предлогот не се согласуваа нејзините националистички коалициски партнери Независни Грци.

Во Атина живеат повеќе десетици илјади муслимански мигранти кои за молитва користат неофицијални простории надвор од главниот град.