Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДПА-ДР: Дали Села требаше да почине за да има избори?

ДПА-ДР: Дали Села требаше да почине за да има избори?

Генералниот секретар на партијата ДПА-ДР Арбер Таравари, вели дека се среќни што на тоталитарниот фашизам на Груевски му дошол крајот, но жалат што највисоката цена за тоа да се случи ја платиле невини луѓе, кои биле брутално претепани во вчерашниот напад на Собранието. Таравари кажа и дека здравствената состојба на Зијадин Села денеска е сосема стабилна по вчерашното претепување и дека по сите витални параметри е во граници на нормалата. Тој е свесен и контактибилен, а вчера имаше сериозни повреди, посебно по главата, но и по други делови од телото, додаде генералниот секретар на ДР-ДПА.

„Среќен сум што на тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот. Со голема тага изјавуваме дека највисоката цена на оваа капитулација ја платија невини луѓе кои беа брутално истепани. Од оваа хистерија најмногу настрада претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села, кој беше претепан до тој степен да ја изгуби свеста и беше влечен низ ходниците на парламентот од страна на институционални терористи кои мислеа дека тој е мртов и триумфираа канибалски врз телото на еден повреден Албанец. Бараме итна истрага за овој терористички напад, не само врз него, туку врз секој нападнат пратеник, новинар, камерман или која било друга невина личност, која вчера беше заложник на терористичкиот напад во парламентот. Дали требаше да почине Зијадин Села за да има нови избори?“ изјави Таравари на денешната прес-конференција.