Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДоналд Трамп отпуштен од сопственото шоу

Доналд Трамп отпуштен од сопственото шоу

Познатиот милијардер кој десетина години го водеше познатото шоу The Aпprentice доби отказ од американската ТВ мрежа NBC поради неумесните коментари на сметка на мигрантите од Јужна Америка за кои изјави дека се криминалци и ќе изгради голем ѕид на границата за кој ќе плати Мексико.

NBC мораше да ја прекине соработката со Доналд Трамп кој води кампања за претседател на САД и е во трка за номинацијата од Републиканската партија. Главната причина е од притисокот на латиноамериканските гледачи кои бараат одговорност од Трамп. Инаку шоуто ќе се прикажува по една година пауза но, со нов водител од бизнис секторот.