Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски, Грујовски и Антовски во трка за претседател на ССМ

Димовски, Грујовски и Антовски во трка за претседател на ССМ

Тројца кандидати ќе се тркаат за претседателското место во Сојузот на синдикати. Актуелниот в.д. Претседател Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на МПС Ацо Антовски. Извори во ССМ брифираат дека Димовски добил поддршка од 12 гранкови синдикати, Грујовски од пет, а Антовски од еден синдикат, јавува „ТВ24“.

Како што дознаваме, претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски добил поддршка од гранковиот синдикат на чие чело е Живко Митревски. Токму, Грујовски беше еден од првите синдикалци кои гласно се спротивстави на политиките на Митревски. Да потсетиме, Живко Митревски чија легитимност беше оспорена, на почетокот на годината, ги исфрли УПОЗ, СИЕР, АГРО и СУТКОЗ од зградата и ги отчлени од ССМ. Во судовите се уште се заглавени бројните кривични пријави кои завојуваните страни си ги поднесоа во изминатиот период додека траеа превирањата за синдикален лидер.

Вонредниот Конгрес на кој ќе се бира претседател на ССМ ќе се одржи на 11 ноември. Според последено утврдените критериуми во ССМ, претседателот мора да има поддршка од третина од членството или од 6 гранкови синдикати.