Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦентралниот регистар: Уписот на претседателот на ССМ е легален

Централниот регистар: Уписот на претседателот на ССМ е легален

Уписот на претседателот на Сојузот на синдикатите (ССМ) во Централниот регистар е законски, соопшти денеска оваа државна иституција.

Од таму наведуваат дека Централниот регистар постапува во рамките на своите надлежности предвидени во законот за Централен регистар и во согласност со член 13 од Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

„Имено, во регистарот на други правни лица, врз основа на Решение број 08-8191/2 од 14.11.2016 донесено од министер за труд и социјална политика Фросина Ременски и Решение број 08-8191/14 од 04.08.2017 донесено од министер за труд и социјална политика Мила Царовска, се изврши евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојуз на Синдикати на Македонија.

Согласно член 190 став 1 од Законот за работните односи синдикатите се запишуваат во регистарот на Синдикати кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот. Според тоа основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика. Централниот регистар на Република Македонија согласно член 13 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица обезбедува податоци определени во член 4 од истиот закон за субјектите за кои основниот регистар го води друг орган“ појаснуваат од Централниот регистар..