Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров во четиридневна работна посета на Естонија, Латвија и Литванија

Димитров во четиридневна работна посета на Естонија, Латвија и Литванија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, од денеска е во четиридневна посета на балтичките земји. Како што соопштија од МНР, Димитров регионалната турнеја ќе ја почне во Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе ја продолжи во Латвија, а ќе ја заврши со работна посета на Литванија.

Во рамките на посетата, министерот на своите балтички колеги ќе им ги претстави досега преземените конкретни чекори од страна на македонската Владата за поттикнување на евроатланските интегративни процеси на земјата, преку акцискиот план „3-6-9“, како и степенот на реализацијата на преземените реформи.

Димитров ќе се осврне и на надворешно-политичките активности на земјата, во контекст на продлабочување на регионалната соработка и на градењето добрососедски односи за наоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и регионалната економска соработка.