Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК е на добар пат навреме да стартува теренска проверка на списокот

ДИК е на добар пат навреме да стартува теренска проверка на списокот

Последното ажурирање на избирачкиот список и интернет достапноста на податоците покажаа многу чудни појави со избирачи на повеќе адреси или пак десетици избирачи на една адреса, па дури и на државни институции каде нормално не живее никој за да има право на лична карта и гласање на избори.

Затоа од ДИК се обидуваат да го фатот процесот назад во институциите и до наредната недела се очекува да заврши вкрстената проверка на податоците од различни државни бази на податоци за да се исчистат сите дупликати и фантомски гласачи, без оглед дали станува збор за неажурност, непрофесионално водење на базите или пак, мукает на граѓаните.

Следната фаза на ДИК ќе биде и теренска проверка на избирачкиот список на локации кои се најсомнителни и чести шеми, како на пример неизбришани починати граѓани, иселени и променети адреси, но и како што споменавме погоре преголем број на запишани гласачи на иста или повеќе адреси.