Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДијамантот„Сина месечина“ – подарок со вредност од „само“ 48,5 милиони долари

Дијамантот„Сина месечина“ – подарок со вредност од „само“ 48,5 милиони долари

На аукција одржана во Женева, еден дијамант достигна цена од неверојатни 48,5 милиони долари. Од аукциската куќа „Sotheby’s“ изјавија  дека се работи за рекордна цена на едно парче накит на аукцијата.

Овој дијамант го собори петгодишниот рекорд кој пред него го држеше дијамантот „Graff pink“, продаден за 46,2 милини долари. Скапоцениот камен пронајден е во 1908 година, а како што наведува аукциската куќа „Sotheby’s“ на јувелирот му требале повеќе од три месеци за брусење и обликување.

Купувачот на 12-каратната „Сина месечина“ е Џозеф Лау, тајкун од Хонг Конг, кој скапоцениот камен планира да го подари на неговата седумгодишна ќерка за роденден.

Лау е познат како љубител на уметноста. Пред неколку години за 39 милиони долари ја купи сликата „Te Poipoi“, на францускиот сликар Пол Гоген. Според магазинот Форбс, богатството на Лау се проценува на 9,1 милијарди долари.