Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПропаднала продажбата на најголемиот дијамант во светот

Пропаднала продажбата на најголемиот дијамант во светот

Продажбата на најголемиот дијамант во светот откриен во последните 100 години „Lesedi la Rona“, кој е голем како тениска топка и чија вредност на аукцијата во Лондон изнесувала вртоглави 63 милиони евра, се завршила без успех. Дијамантот од 1.109 карати е пронајден 2015 година во Боцвани, а највисоко понудената цена за него на оваа аукција изнесувала 54 милиони евра.

Лидерот на фирмата за трговија на дијаманти „77 Diamonds” Тобиас Корминд изјави дека е возможно побарувачката за дијаманти да е презаситена. Исто така, според неговите зборови, возможно е и нестабилноста која постои на пазарот после Брегизт да влијаела на оваа продажба.

Три милијарди години стар дијамант се смета за најголемо откритие за еден век. Од аукциската куќа претходно истакнале дека овој драг камен е од исклучителна важност и дека е исполиран за да може да изгледа како најврвен дијамант на сите времиња.