Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДи Мариа: не ми е удобно на клупата, но не заминувам

Ди Мариа: не ми е удобно на клупата, но не заминувам

Деновиве се погласни беа гласините дека Анхел Ди Мариа би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и да премине во некој од европските гиганти. Сериозно заинтересирани за неговиот потпис беа Барцелона и актуелниот првак на Франција ПСЖ. Сепак, аргентинецот денеска ги демантираше шпекулациите и изјави дека сака да остане и да се избори за место во најдобрите единаесетмина на Јунајтед. „Започнав одлично, постигнував голови и бележев асистенции. Се одеше во најдобар ред се додека не се повредив. Потоа се тргна во погрешен правец. Нема да заминам бидејќи не сум таков карактер. Во Мадрид имаше денови кога цела публика свиреше по мене, меѓутоа јас останав и потоа се тргна на подобро. Сакам да се справувам со нештата“.

ди мариа

 

Одличниот Ди Мариа бележи добри настапи на Копа Америка, покажува дека е во добра форма. Доколку успее да ја задржи својата сегашна форма Манчестер Јунајтед може да биде претендент за највисок пласман во Премиер лигата.