Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏејсон Деруло го претстави новиот спот за песната „If It Ain’t Love“

Џејсон Деруло го претстави новиот спот за песната „If It Ain’t Love“

Американскиот музичар, Џејсон Деруло, знае на кој начин да го освои срцето на девојка која му се допаѓа, дури ако таа работи во иста канцеларија со популарниот пејач. Сепак, познато е дека Џејсон со години се занимава со музика и своето работно време не го поминува во канцеларија, всушност станува збор за дејството кое се одвива во неговиот најнов спот.

Младиот пејач представи нова видео-снимка за песната „If It Ain’t Love“ во кое чека цела канцеларија да се испразни за да може да остане на само со својата убава колешка, за потоа да започнат да танцуваат.