Џастин Тимберлејк ќе ги израдува фановите на Евровизија
Организаторите на годинешниот натрпевар Евровизија потврдија дека светската музичка ѕвезда Џастин Тимберлејк ќе настапи на финалето во ревијалниот дел со новиот хит Can`t stop the feeling кој е напишан за анимираниот филм Trolls. Ова е прв пат фановите на Евровизија да видат настап на голема ѕвезда. Финалето на Евровизија ќе се одржи во Стокхолм, Шведска на 14-ти мај.