Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери ќе закаже нова седница кога ќе се гласа за Влада

Џафери ќе закаже нова седница кога ќе се гласа за Влада

Новиот собраниски спикер Талат Џафери засега нема намера да закажува нова собраниска седница бидејќи за такво нешто нема потреба, туку се чека да се завршат процедурите за доделување на мандатот од страна на претседателот Иванов на претставник на парламентарното мнозинство.

„Во моментов, нема услови за свикување на ваква седница, бидејќи процедурите се во тек. Се надеваме дека повторно ќе се вратиме на нормално работење. Оваа процедура е ако се почитува Уставот, во спротивно работите ќе се сведуваат на политичка одлука“, информираат собраниските служби за Макфакс.

„За денеска не се предвидени никакви активности. Претседателот си замина од Собранието поради активности кои не се поврзани со Законодавниот дом. Бидејќи одлуката е објавена во службен весник, ќе се чекаат роковите согласно закнските процедури“, велат за Макфакс од кабинетот на Талат Џафери.

По четврточните крвави инциденти, вратите на Собранието се отворени, собраниските служби работат, а вратите на прес центарот каде се случија насилствата иако беа отворени за медиумските куќи да ја подигнат својата опрема која ја оставиле таму, сега повторно затворени и покрај тоа што неофицијално увидот е завршен. Од кабинетот на Иванов, пак, молк во однос на тоа кои се следните чекори кои ќе ги преземе шефот на државата околу доделувањето на мандатот.

Извор: makfax.com.mk