Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДевојка со попреченост претепана од TSA агенти на аеродром

Девојка со попреченост претепана од TSA агенти на аеродром

Агентите на TSA американската аеродромска полиција брутално ја претепала тинејџерката Хана Коен која поради тумор на мозокот и бројни операции има ослабен вид, слух, ориентација и говор. Таа при проверка на метал детекторот го активирала алармот, но не можела да им објасни на агентите.

Тие наместо да се разберат со неа веднаш ја нападнале и крвнички претепале 17 годишната девојка, додека нејзината мајка се обидувала да им објасни на полицајците дека девојчето е болно и не може да комуницира нормално.

Семејството Коен го тужи аеродромот во Мемфис како и аеродромските полициски власти. Најтажно е што бруталните агенти не се суспендирани се уште.