Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАрбана Џара претепана во Косово, на кого му смета новинарката?

Арбана Џара претепана во Косово, на кого му смета новинарката?

Косовската истражувачка новинарка Арбана Џара откако доби голем број на смртни закани сега и конечно е физички нападната. Таа била претепана од група напаѓачи вечерва еден часот по полноќ на паркингот пред својата зграда во Приштина.

Неколку часови пред да се случи ваквиот акт, Арбана беше гостинка на албанската емисија “Октопод” – каде жестоко ги критикуваше политиките на Ердоган и Турција, насилниот отоманизам и исламизам што се врши во Косово по војната, а сега со Ердоган зема и поголем замав од насилните промотори на истиот.

Џара со нејзините стории успеа да разоткрие голем број на корупциски скандали.Таа рече дека наскоро се вклучува во политиката (во ПДК – Демократската Партија на Косово) и ќе ги преземе сите можни демократски мерки што и стојат на располагање за тоа Република Косово да нема никакви односи со Турција и да се бори против турските политики кои преку насилен исламизам на општеството се вметнуваат во целиот регион.

Таа сега е во стабилна состојба, а полицијата го истражува нападот кој наиде на силна осуда од страна на политичките фактори во Косово.