Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска нестабилно време

Денеска нестабилно време

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степена.