Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес се празнува Македонската револуционерна борба

Денес се празнува Македонската револуционерна борба

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба, како релативно понов државен празник во чест на македонските дејци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев кои во Солун во 1896 година го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуционерна Организација.

По тој повод денес ќе се одржат повеќе пригодни манифестации, а за сите граѓани е неработен ден. Во Собранието на Македонија ќе биде врачена државната награда „23 Октомври“, а владина делегација ќе положи цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во Скопје.