Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДемистификација: Канабисот е лек кој фармацевтите сакаат да го забранат

Демистификација: Канабисот е лек кој фармацевтите сакаат да го забранат

Денес започна третиот по ред семинар од циклусот за демистификација на конопот што го организира здружението на граѓани „Зелена Алтернатива“ на кој говореа повеќе светски експерти од областа на алтернативната медицина и заложници за употреба на канабисот како лек во здравството.

seminar konop2 (1)

„Канабисот лекува повеќе болести отколку што се претпоставувало и може да замени многу лекови. Тоа е приблем за фармацевската компанија и токму затоа не сакаат да го легализираат“, посочи чешкиот професор Лумир Онре Хануш кој е аналитички хемичар и водечки авторитет во полето на истражувањата за канабисот.

Предавања ќе одржат и др. Пол Хорнби, основач и претседател на Hedron Analytical Inc. , мала компанија која нуди хемиски анализи на билни препарати и др. Илија Резник сертифициран специјалист на полето на форензика за возрасни и клиничка невропсихијатрија при MaReNa дијагностички и советодавен центар.

seminar konop1 (1)

Утре семинарот ќе биде затворен со предавањата на др. Хозе Карлос БоусоКлинички психолог и директор на научни проекти при ICEERS и др. Павел Пахта член на научниот одбор при Интернационалниот институт за канабис и канабиноиди од Прага, Чешка. Семинарот се одржува во Дом на АРМ, а билети може да се купат во Кафе Излет, Кино Карпош и Кафе Пабло.