Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДемир Капија ќе добие градски плоштад

Демир Капија ќе добие градски плоштад

Фирмата „Урбан инвест“ ќе го изведува градскиот плоштад во Демир Капија. Кавадаречката фирма го добила тендерот во конкуренција на две доставени понуди. За изградба на новиот јавен простор од локалниот буџет се обезбедени финансиски средства во висина од 14.154.100 денари, односно околу 230.000 евра. Спроведувањето на проектот ќе се одвива во временски период од 90 дена.