Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДа се воведе меѓународен орден „Мајка Тереза“ побара Груевски

Да се воведе меѓународен орден „Мајка Тереза“ побара Груевски

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој е дел од македонската делегација која ќе присуствува на канонизацијата на Мајка Тереза во Ватикан напиша иницијатива за воведување на меѓународен орден кој ќе носи името на оваа славна скопјанка.

„ Мајка Тереза е родена и порасната во Скопје и е убедливо и неспоредливо најпозната личност од Скопје и од Република Македонија во целиот свет. Но, таа е личност која оддамна припаѓа на целиот свет и на човештвото воопшто, и низ целата планета има милиони свои следбеници, почитувачи и луѓе кои највисоко ја вреднуваат нејзината активност, живот и дела. Денес кога Ватикан ја прогласува за светица, е посебен ден, историски ден, неповторлив ден, ден кој се очекуваше, барем меѓу оние кои се запознале со нејзиниот живот, активности и дела. Од овие причини, токму на овој историски ден, по разговори со повеќе пријатели и соработници, одлучив да покренам една иницијатива за воспоставување со закон меѓународен орден за заслуги “Мајка Тереза” кој би се давал на истакнати жени од светот со особени и вонредни достигнувања во различни области особено во областите како филантропијата, хуманизмот итн. Замислата е орденот за заслуга да се воспостави со точен ред и прецизни критериуми со единствен домашен и меѓународен борд во кој задолжително би учествувал секој министер за надворешни работи од Македонија, а би имало и истакнати високо авторитетни личности од различни држави и области во светот. Самиот чин на давањето и врачувањето на орденот за заслуга би бил афирмација на делото и животот на Мајка Тереза, но и афирмација на Македонија. Се разбира би било и огромна чест за оној кој ќе ја прими и кој ја заслужил“, напиша Груевски.