Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетворица повредени во пукање во Вашингтон

Четворица повредени во пукање во Вашингтон

Најмалку четири лица се повредени во близина на Капитол во Вашингтон, каде непознат маж отворил оган. Пукањата се случиле северно од станицата Јунион и околу еден километар северно од Капитол. На местото пристигнале повеќе амбулантни возила, кои ги однеле во болница тројцата ранети со прострелни рани и еден полицаец на велосипед, кој бил удрен од автомобил на местото на настанот.