Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометЧервар го објави списокот, има и нови имиња

Червар го објави списокот, има и нови имиња

Од именувањето на Лино Червар за нов селектор на машката ракометна репрезентација со особен интерес се очекуваше неговиот прв потег, а тоа е изборот на играчите за претстојниот бараж-двомеч со Чешка, за пласман на Светското првенство 2017 во Франција.

Списокот на хрватскиот стратег не донесе поголеми изненадувања, на него се најдоа четири нови ракометари предводени од младиот голман на Металург, Мартин Томовски, Бобан Блажевски (Радовиш), Борче Соколов (Макс Струмица) и Ивица Лазаревски (велешки Борец), но за очекување е при изборот на играчи кои ќе настапат против Чешка сепак да не дојде до поголеми промени.