Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометОИ 2016: Руските ракометарки го земаа првото олимписко злато

ОИ 2016: Руските ракометарки го земаа првото олимписко злато

Руските ракометарки ја совладаа репрезентацијата на Франција со 22:19. Оваа победа и овозможи на Русија да стигне до првото олимписко злато во женските ракометни натпреварувања од распадот на Советскиот Сојуз. Русија успешно ја совлада Норвешка во полуфиналето и сосема заслужено стигна до олипиското злато.

Вијахрева со пет гола беше најефикасна кај Русија, пред Кузнецова и Дмитриева со по четири, додека на голот добра партија прикажа Ерокхина со 11 интервенции. Лејно имаше девет одбрани на голот на Франција, сите во првото полувреме, Пино и Дембеле постигнаа по пет гола, а новата „вардарка“ Лакабрер беше стрелец на два погодоци од вкупно шест обиди.