Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБуџетот за 2017-та што побрзо влегува во процедура

Буџетот за 2017-та што побрзо влегува во процедура

Министерот Миновски се „фатил како слеп за буџет“. Шегата настрана министерот за финансии најави дека во понеделник ќе биде доставен предлог буџетот за 2017-та до Владата на Република Македонија со што и официјално ќе започне процедурата за негово изгласување. Опозицијата сосема разбирливо негодува бидејќи преостанатото време на работа на Собранието е прекратко за да се води детална јавна расправа и да се исцрпат сите можни амандами и подобрени решенија.

Исто така има критики дека буџетот за 2017-та треба да следи по ребаланс за оваа година и да биде оставен за наредната влада која ќе има потоа доволно време да го состави, со што пак не се согласуваат од владејачкото мнозинство.