Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Бритиш Ервејс“ ги откажа сите летови кон Турција

„Бритиш Ервејс“ ги откажа сите летови кон Турција

Авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“ денеска ги откажа сите летови кон Турција, како последица на обидот за воен удар во земјата извршен минатата ноќ.

– Приоритет на компанијата останува безбедноста на нашите патници, изјави претставничка на „Бритиш Ервејз“, која им препорача на патниците да ги следат новите информации на интернет страната на авиокоманијата.

Како што јави ТАСС, таа нагласи дека на сите патници кои веќе имаат купено билети, компанијата ќе им овозможи лет на друг датум или ќе им ги врати парите.

Од друга страна нискотарифниот британски авиопревозник „Изиџет“ соопшти дека нема да ги откаже за денеска планираните 24 летови од турските аеродорми во Анталија, Бодрум и Маламан.