Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБритански „Монокл“: На Македонија и треба сериозна влада

Британски „Монокл“: На Македонија и треба сериозна влада

Британскиот магазин „Монокл“ во својот јунски број пишува дека Македонија е хаотична земја и дека предвремените парламентарни избори се одложиле поради низа скандали, а дека на Македонија конечно ѝ треба сериозна влада.

Во текстот се вели дека изборите ќе се одржат на 5. јуни, а во делот за кандидати пишува дека опозицијата ќе ги бојкотира изборите, како и дека доколку тоа се случи, власта неизбежно ќе се врати кај ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

„Проблеми: Овие предвремени избори беа закажани за април и беа наменети да се ресетира политичката состојба во земјата по неколкумесечни скандали – но беа одложени поради уште повеќе скандали. На Македонија одамна ѝ треба сериозна влада“, пишува „Монокл“, пренесе Мета.