Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБранимир Јовановиќ: Неколку позитивни работи по она од четвртокот

Бранимир Јовановиќ: Неколку позитивни работи по она од четвртокот

Неколку позитивни работи по она од четвртокот – напиша Бранимир Јовановиќ на својот профил.

Прво, работите се поместени од мртвата точка. Онаа лимбо ситуација од последните 4 месеци, која нѐ правеше депресивни и апатични, конечно е надмината. Уште не може да се каже дека е готово, но барем колата е тргната.

Второ, протестите за „заедничка“ Македонија си го покажаа вистинското насилничко и фашистичко лице. Луѓе кои носат фашистички маици и маски на лицето и напаѓаат пратеници, не можат да бидат бранители на Македонија. Тие можат да бидат само фашисти, силеџии, криминалци, психопати, убијци.

Трето, повеќето од овие лица се снимени од камерите, заради што за брзо време ќе може да завршат во затвор. Со тоа, општеството ќе почне да се ослободува од овој шљам.

Четврто, може да се види кој во полицијата потфрлил во целиот процес, т.е. работи под директна контрола на фамилијата, заради што ќе може да биде суспендиран, со што полицијата ќе почне да се прочистува од овие структури.

Петто, ВМРО изгуби толку многу со сето ова што се случи. Сѐ што добија изминатите неколку месеци играјќи на картата на национализмот и албанофобијата, успејаа да изгубат за еден ден. Сега со сите сили нема да можат да извадат ни неколку илјади луѓе на улица. Да има сега нови избори, тие нив катастрофално би ги изгубиле.

Сѐ на сѐ, идат подобри денови.