Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБорисов: Со новата влада ќе разговараме за европскиот план за Македонија

Борисов: Со новата влада ќе разговараме за европскиот план за Македонија

Само стабилно управување во Македонија може да ги смири политичките страсти во земјата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за телевизијата „ТВ+“, откако претседателот Ѓорге Иванов вчера го врачи мандатот за состав на влада.

Откако Европската Унија го поздрави доделувањето на мандатот на опозицискиот лидер Зоран Заев, Борисов оцени дека сега сѐ е во рацете на политичарите во Македонија.

Според бугарскиот премиер, откако ќе има влада, ќе може да биде организирана билатерална средба за европската иднина на Македонија.

– Во моментот кога ќе има влада ќе организираме билатерална средба со колегите од Македонија, заедно со министрите за надворешни работи, за да го направиме европскиот план за Македонија, бидејќи нам ни претстои претседателството со ЕУ и претпоставувам дека на агендата ќе биде и темата за проширувањето – изјави Борисов.

По случувањата на 27 април во македонското Собрание, бугарскиот премиер Борисов остварил телефонски разговори со македонскиот претседател Иванов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскина и на СДСМ Зоран Заев и повикал за смирување на ситуацијата, почитување на законите, а изразил поддршка за евроатлантската интеграција и територијалниот интегритет на Македонија, пренесува „Standardnews.com“.