Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомба експлодирала во Менхетен, мотивот за нападот е непознат

Бомба експлодирала во Менхетен, мотивот за нападот е непознат

Полицијата на Њујорк откри нови детали за експлозијата на Менхетен која синоќа повреди 29 лица, а сега се утврдува дека настанала од импровизирана бомба. Во елитниот кварт Челси откриена е и втора импровизирана експлозивна направа со металн лонец полн со шајки и остри метални предмети слично како бомбата која беше активирана на Бостонскиот маратон.

Џејмс О`Нил, комесарот на њујоршката полиција посочи дека нападот не е извршен со мотиви за интернационален тероризам, но не даде повеќе детали кој ја поставил бомбата и со која цел, но најверојатно станува збор за „домашен“ криминалец.

Гувернерот Куомо и градоначлникот Де Бласио ја посетија областа која беше погодена на Менхетен и ветија на јавноста дека кој и да стои зад експлозијата ќе биде пронајден и ќе одговара.