Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоевски: Димче се налутил за СМС пораката, ама изгледа Профа ја скокнал лекцијата

Богоевски: Димче се налутил за СМС пораката, ама изгледа Профа ја скокнал лекцијата

Поранешниот пратеник Павле Богоевски ја продолжува вербалната војна против Димитар Апасиев новиот пратеник и еден од лидерите на Левица.

“Димче се налутил дека во 9ч му пратиле порака за координација од 11ч. И уште прашува дали требало да лета за да стигне, доколку живееше во друг град.

Да, мали. И да леташ и да се телепортираш ако треба. Бидејќи Собранието е во постојано заседание, ама изгледа Профа ја скокнал таа лекција” напиша Богоевски на социјалните мрежи.