Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеБит Пазар ќе добие нов објект со модерни содржини

Бит Пазар ќе добие нов објект со модерни содржини

Бит Пазар подолго време очекува реконструкција и обнова која ја ветуваа локалните власти низ изминатите години и сега конечно е усвоен нов Детален урбанистички план. Предвидено е Бит Пазар да добие нов објект во кој ќе бидат сместени тезгите и дуќаните со што ќе се добие поголем простор, а ќе се обезбеди и голем паркинг простор. Исто така ќе се овозможи полесен приод до Старата чаршија и околните објекти како т.ц. Мавровка.

Од општина Чаир каде е усвоен новиот ДУП истакнуваат дека ќе се води јавна расправа за сите елементи меѓу засегнатите страни во еден од најголемите зелени пазари во Скопје, а сите предлози ќе ги разгледува стручна комисија. Изградбата е предвидено да трае една година и ќе се одвива во фази за непречено работење на постоечките тезги.