Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБилд: Уште подобро што немам средба со Иванов и така немам време

Билд: Уште подобро што немам средба со Иванов и така немам време

Сите треба да се однесуваме одговорно, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт.

– Ова беше многу интересна средба затоа што Карл Билт има многу големо искуство и е голем познавач на овдешната политика, на Балканот, па и пошироко. Треба сите да се однесуваме одговорно – рече Ахмети.

На прашање дали е предвидено одржување лидерска средба, Ахмети рече дека нема никакви најави за одржување средба во таков формат.

Во однос на информациите дека за време на Велигден требало да има средба со СДСМ и оти планирале во Собранието, без учество на ВМРО-ДПМНЕ, да изберат собраниски спикер, Ахмети рече дека тоа се шпекулации.

– Тоа е тежок процес и треба внимателно да се однесуваме. Знаете дека Собранието деновиве не работеше поради празниците. ДУИ, како партија, досега направи сè и вложи многу напори за да се формира парламентарното мнозинство, но сега одлуката за излез од оваа ситуација и за продолжување на понатамошниот процес е кај големите македонски политички партии – рече Ахмети, додавајќи дека немаат ништо друго што би можеле да направат.

Билт повтори дека тука е да ги сослуша партиите и дека решението е во Уставот.

– Денеска, како што знаете, имам средби со политичките партии во Македонија. Тие се тие што треба да го најдат патот за решение. Пораката е таа што ја напишав на „Твитер“: Устав, демократија и Европа – рече Билт.

Прашан како го коментира тоа што нема да се види со Иванов, тој рече: „Уште подобро, затоа што и така и така немам време денеска“.