Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБибер: Српската влада се однесува како бик пред продавница за порцелан

Бибер: Српската влада се однесува како бик пред продавница за порцелан

Експертoт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац, Австрија, Флоријан Бибер вели дека е изненаден од повлекувањето на српските дипломати и агресивниот тон на српските медиуми кон македонската Влада е изненадувачки, иако настапот на Владата и на таблоидите со месеци беше агресивно насочен против новата македонска Влада, пренесува „А1он“, повикувајќи се на МИА.

– Овој потег навестува дека Србија не е многу заинтересирана да има добри дипломатски односи со своите соседи и покажува колку се празни нејзините тврдења дека има про-европска, реформска Влада. Српската Влада се плаши од новиот „македонски модел“ и се поврза со претходната македонска Влада. Со овие чекори, за жал, Србија не се однесува како регионален лидер во реформите, како што сака да се претстави, туку како бик во продавница за порцелан, наведува Флорин Бибер.

Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје, првично без образложение на причините. Ден подоцна, вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, објавија дека дипломатите и вработените во амбасадата во Скопје биле повлечени поради „офанзивна разузнавачка активност против институциите на Србија“.