Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБезбедната банкнота од 10 евра и не е толку безбедна – откриени првите добри фалсификати

Безбедната банкнота од 10 евра и не е толку безбедна – откриени првите добри фалсификати

Италијанската полицијата објави дека вчера во близина на Неапол открила големо количество фалсификувани банкноти од 10 евра изработени според новите апоени со дополнителна безбедносна заштита, која во општек беше пуштена на 23-ти септември и чија цел беше токму да се спречи фалсификувањето на заедничката европска валута.

„Станува збор за прво запленување на фалсификати од новата серија од банкнотите во Европа“, објави италијанската финансиска полиција во соопштение. Инаку, Неапол е познат како центар на фалсификувањето пари во европски, па и во светски рамки.

Полицијата објави и дека уапсила 39-годишен маж во неделата по потера во североисточното предградие Казориа. Мажот со автомобилот се забил во полициско возило коешто му го попречило патот, а во возилото полицајците откриле повеќе од 500.000 евра во лажни банкноти.

„Прелиминарните проверки на банкнотите покажуваат дека се со извонреден квалитет и може лесно да го измамат кој и да ги прими“, се додава во соопштението на италијанската Guardia di Finanza, но не се прецизира вкупната сума запленети евра.