Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБЕСРАМНО: ВМРО-ДПМНЕ ја „уби“ малата Тамара, а сега ја користи за плукање на СДСМ

БЕСРАМНО: ВМРО-ДПМНЕ ја „уби“ малата Тамара, а сега ја користи за плукање на СДСМ

На пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, во еден момент посочувајќи дека СДСМ ветувал влада со 20 министри, а прави кабинет со 26, му излета „плус шест плати и автомобили ќе значат дека шест нови македонски Тамари не ќе може да се лекуваат“, што предизвика бурна реакција од пратениците на мнозинството.

Горан Мисовски, Милена Ѓорѓиева и Павле Богоевски реагираа гневно и со неверување дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ говори за малата Тамара, која почина чекајќи државата да ѝ одобри средства за лекување во странство. Тие посочија дека токму најодговорниот за смртта на Тамара, Никола Тодоров, им избега дури и од пратеничката група.

Имено, завчера поранешниот министер за здравство Никола Тодоров даде оставка на пратеничката функција. Од него, кога случајот на Тамара беше актуелен, се бараше да си поднесе оставка, а беа организирани и протести.

Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на ’рбетот, почина во февруари 2015 година. Битката со надлежните институции траеше цели три месеци.