Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБЕСА жестоко реагира за спорниот список на ДИК каде повеќето се Албанци

БЕСА жестоко реагира за спорниот список на ДИК каде повеќето се Албанци

БЕСА се чуди како има многу Албанци на спорниот список на ДИК и смета дека станува збор за претенциозна одлука за да им се ускрати правото на глас, па затоа бараат итно да се извршат дополнителни проверки и сите гласачи да може слободно да гласаат на следните избори. Дополнително најавија и покренување на постапка пред Уставниот суд кој треба да се изјасни за уставноста на одлуката на ДИК за бришење на 39.502 гласачи воедно државјани на Македонија.

Исто така, од БЕСА бараат да се достави претставка до Народниот правобранител со барање да реагира кон дискриминацијата што се врши кон граѓаните на Македонија, негирајќи им го правото на гласање и задолжувајќи ги да се потврдат себеси дека не се фантомски или фиктивни.

Бараат ДИК за да се објасни која била методологијата при која се избришале 39.502 гласачи и како се случило мнозинството од нив да се Албанци, да се упати писмо до претседателите на четирите партии учеснички во потпишување на Пржинскиот договор, и да се бара објаснување ако тие се договориле за прочистување на избирачкиот список.