Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНА  Белград и Приштина немаат договор по ниту едно прашање

  Белград и Приштина немаат договор по ниту едно прашање

 

Ниту синоќешниот дијалог помеѓу Белград и Приштина не вроди со плод.После 17 часа разговори,

,,Танјуг” ја пренесува изјавата на српскиот премиер Александар Вучиќ во која што се вели дека двете делегации не постигнале договор по ниту едно прашање. Вучиќ истакнал дека двете делегации биле мошне блиску до постигнување договор за Заедницата на српските општини, која била една од четирите теми за кои се разговарало.

– Приштинската делегација не сакаша да ги прифати дури ни тие овластувања за ЗСО кои ги имаат општините, а тоа се овластувања во обемот на урбаното планирање, здравството и економскиот развој – истакнал премиерот на Србија.