Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБејли за првиот роденден на „Пржино“: Реформите бараат дела а не зборови

Бејли за првиот роденден на „Пржино“: Реформите бараат дела а не зборови

По тешки целодневни преговори, на денешен ден пред точно една година, беше потпишан пржинскиот договор, на кој присуствуваа еврокомесарот Јоханес Хан, лидерите на четирите најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, како и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Амбасадорот Џес Бејли денеска, една година од потпишувањето на Договорот, вели дека преостанува уште многу работа за негова имплементација, што бара дела, а не зборови.

„Договорот од Пржино е жив, неговите фундаментални елементи – одговорност за скандалот со прислушувањето, инклузивен политички процес особено во Собранието и реформи кои водат кон веродостојни избори – остануваат најдобриот начин за излез од сегашната политичка криза и кон интеграција во ЕУ и НАТО“- вели за Дојче Веле амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

-„Владата мора да покаже посветеност на плуралистичката демократија и на спроведувањето на реформите од Договорот од Прѓино. Тоа подразбира дела, а не зборови. Тоа значи вклучување на опозицијата и на ставот на цивилното општество и воведување вистински систем на проверки и на рамнотежа во владините структури. Без одговорност, без реформи и без веродостојни избори, Македонија ќе остане заглавена во кризата, со нарушен углед. Никој не го посакува тоа“ – истакна амбасадорот.