Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБаскерфест од утре ќе ги забавува Охриѓани

Баскерфест од утре ќе ги забавува Охриѓани

Уличниот фестивал „Баскерфест“ по трет пат ќе се одржи во Охрид.Почнувајќи од 1-ви па се до 3-ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност. Артистите на „Баскерфест“ на три локации во охридската чаршија на охриѓани и туристите ќе им ја доловат магијата на уличните танци, пантомима перформанси, уличен театар, ликовни изложби, жонглери, акробати, танчери, музички настапи и друго.

Овој фестивал во Македонија се одржува 11-та година по ред, а Охрид е трета година дел од овој мултикултурен уличен фестивал.